Започнува првото македонско адреналинско шоу ТРИУМФ кое ќе се емитува на јутјуб каналот LAZAROV и стриминг платформата GLEY

Подгответе се за адреналин во големи количини и неверојатен натпреварувачки дух, затоа што наскоро започнува „Триумф“, првото адреналинско шоу во историјата на македонскиот етер. ​Станува збор за нов проект со оригинален концепт, снимен по светски стандарди и токму затоа, со емитувањето на првата епизода „Триумф“ ќе означува почеток на нова адреналинска „шоу“ ера во Македонија.

Првата епизода од „Триумф“ премиерно ќе биде објавена на 26.06.2024 на првата македонска стриминг платформа Gley, a на 30.06.2024 епизодата ќе се емитува на јутјуб каналот на LAZAROV.

Домаќини на „Триумф“ се нашите водители Димитар Атанасовски, Петар Младенов и Стефан Лазаров, кои директно учествуваат во предизвиците и се натпреваруваат со жители од различни Општини. На самиот почеток од шоуто, водителите меѓусебно се натпреваруваат, а победникот одбира која општина ќе биде негов тим. Секој водител им помага на учесниците во тимот да стигнат до крајната цел, односно да победат за да станат потенцијални финалисти.

Во првата сезона ќе се натпреваруваат вкупно 15 Општини, односно Куманово, Новаци, Прилеп, Кисела Вода, Крива Паланка, Илиден, Неготино, Гази Баба, Аеродром, Штип, Битола, Охрид, Пехчево, Гевгелија и Петровец. Само една од општините ќе биде победник и ќе добие голема парична награда.

„После 4 години успешна приказна на јутјуб каналот, се надевам дека со ова шоу ќе ги поместиме границите и ќе имаме рекордна гледаност. Триумф е проект на кој работиме во позадина веќе една година и е вложено многу труд. Се надеваме дека ќе биде многу интересен и за гледачите и за општините. Особено сум горд што конечно ќе имаме ваков проект во Македонија во сопствена режија и продукција, секако со помош на GLEY. – изјави Стефан Лазаров.

„Како единствена македонска стриминг платформа, веднаш ја препознавме идејата за Триумф и се вклучивме во реализација на целиот проект, којшто премиерно ќе се емирува на Gley. Во нашата понуда, го додадовме и Триумф, бидејќи веруваме во овој проект и во забавата која ќе ја донесе во сечиј дом. Со ова продолжуваме со нашата основна мисија: да ја поддржиме македонската продукција и да придонесеме во нејзино издигнување до светските стандарди “, вели Дарко Перушески, извршен директор на Gley.

„Триумф“ започнува со емтување наредната недела, односно на 26.06.2024 на платформата Gley (gley.tv), зачувајте го датумот, очекувајте многу адреналиски, но и умствени предизвици кои натпреварувачите ќе мора да ги исполнат во рекордно време и одберете го вашиот омилен тим за кој ќе навивате.

Треба да знаете
Последни објави