Косовскиот новинар Арлинд Садику повеќе нема да известува од Европското првенство. УЕФА му ја одзде акредитацијата, откако тој ги провоцираше српските навивачи.
На натпреварот помеѓу Србија и Англија, Садику застана пред трибината на која беа српските навивачи и со рацете им го покажа двоглавиот орел.
Србија го пријави косовскиот новинар, а УЕФА донесе одлука да го отстрани Садику од турнирот, јавуваат албанските медиуми.