Џенифер Лоренс го избра совршениот фустан за средба со поранешното момче

Aктерката Џенифер Лоренс вчера се појави на премиерата на нејзиниот нов филм „ X-Men: Dark Phoenix“, каде што се сретна со нејзиното поранешно момче кое исто така глуми во филмот.

Станува збор за актерот Николас Хулт, со кого Џенифер беше во врска четири години, а се разијдоа во 2014 година и денес и двајцата се во среќни врски со други луѓе. Лоренс е во врска со сопственикот на уметничка галерија Куки Марони со кого се сврши во февруари оваа година, а од 2017 година Хулт е во врска со Брајан Холи со која има син.

Според „Дејли мејл”, иако на црвениот килим се однесуваа пријателски еден кон друг, поради што можеше да се заклучи дека останале во добри односи, актерката не можеше да избере подобар „одмазднички“ изглед за премиерата. Таа изгледаше фантастично во црниот фустан со длабоко деколте, што веројатно е целта на секоја жена при средба со бившиот.

Луксузниот црн фустан е креација на модната куќа „Диор“, како дел од нивната најнова колекција презентирана во април оваа година во Мароко, а имајќи предвид дека Џенифер често носи нивни креации, се претпоставува дека токму тие би можеле да го креираат нејзиниот венчален фустан.

Треба да знаете
Последни објави