„Проблемот со пасошите не се реши и идентичен е и сега. Објавив на социјалните мрежи дека гужвите се сега дури и поголеми, но тоа не го покриваат телевизиите со национална фрекфенција“ рече поранешниот новинар Боби Илиевски во утринската програма на Слободен печат.
Тој додаде дека очиглено беше дека има недостатоци во системот за вадење на лични документи, но и дека целата ситуација беше злоупотребена за камапања.
„Гужвите и сега се идентични. Идентично се чека, а нема реакции“ рече Илиевски.
Тој додаде дека за критика е што луѓето не може да добијат документи и што системот потфрли, но, според Илиевски, очигледно е дека реакциите во јавноста пред неколку месеци биле оркестрирани.