Грчките власти вчера уапсиле 13 лица откако огномет лансиран од јахта предизвика шумски пожар на остров во близина на Атина, пишува Гардијан.
Градоначалникот на островот Хидра изрази „огорченост“ и вети правна постапка против одговорните.
„Последниот пожар е предизвикан од огномет лансиран од брод и ја изгоре единствената борова шума на островот на место кое е тешко пристапно“, објави противпожарниот тим на Хидра на Фејсбук.
Тринаесет лица обвинети за вмешаност во огнометот се уапсени по истрагата на противпожарната служба и ќе бидат изведени пред обвинител, се вели во соопштението на противпожарната служба.
Нема повеќе информации за осомничените.