Приватните превозници утре со редуциран возен ред

Приватните превозници утре со редуциран возен ред, причината за тоа повторно велат дека е поради неисплатените обврски кон нив.

Тврдат дека ЈСП Скопје им должи 46 милиони денари, од кои 36 се доспеани со рок за плаќање, а од 20 дена од јуни пак, се уште не се ниту фактурирани. Се уште размислуваат за следните чекори и дали да стапат во штрајк, но дел од нив велат дека немаат друго решение освен да ги паркираат возилата во гаражите.

Приватните превозници велат дека се поделени во три пакети. Во првата и втората група веќе е значително редуциран возниот ред, а има денови и кога во сообраќај се пушта по еден автобус дневно.

ПРВ ПАКЕТ

АВТОБУСКИ ЛИНИИ 45, 23, 63.61 73

ВТОР ПАКЕТ

АВТОБУСКИ ЛИНИИ 11, 12, 9, 47, 55

ТРЕТ ПАКЕТ

АВТОБУСКИ ЛИНИИ 22 52 54 19 20

Приватните превозници за вечерва во 20 часот најавуваат состанок. Конечната одлука дали ќе стапат во штрајк или не ќе ја имаат по средбата со директорот на ЈСП, Крсте Петревски, која ја најавуваат за утре.

Приватните превозници на сличен чекор се одлучија и пред повеќе од една година кога главниот град го оставија без јавен превоз не возејќи неколку месеци а автобусите во знак на револт им беа паркирани по булеварите.

Зошто ЈСП Скопје доцни шест месеци со исплата на приватните превозници прашавме во Градот, од каде добивме краток одговор.

-Град Скопје нема никакви обврски ни исплати кон превозници. За договорни обврски и релации помеѓу ЈСП и приватните превозници одговори може да дадат од Јавното сообраќајно претпријатие. – велат од град Скопје.

Пред шест месеци, во јануари протестираше и ЈСП исто така поради неисплатени плати, по што на вонредна седница, советниците изгласаа субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието.

Треба да знаете
Последни објави