Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе ги презентира резултатите од Анкетата со приватниот бизнис сектор за прашања поврзани со корупција.
Анкетата е дел од активностите на проектот „Граѓаните против корупцијата“ што Комората го спроведува од април 2023 година.
Станува збор за петгодишен проект, финансиски поддржан од УСАИД, кој се реализира преку Конзорциум на разновидни учесници, меѓу кои и Комората како претставник на приватниот бизнис сектор.