Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска учествува на Форумот на градови и на региони „Инвестирање во Западен Балкан – Инвестирање во Европа”, што се одржува во Жешов, Полска.
Форумот, како што соопшти Министерство за локална самоуправа, има за цел да им помогне на земјите од Западен Балкан во процесот на интегрирање во Европската Унија и во економската трансформација.
Министерот Фазлиу во своето обраќање изразил благодарност за поддршката на полската Влада во процесот на интегрирање на нашата држава во ЕУ. Фазлиу го истакнал како посебно важен моментот на препознавање на се поголемото значење на градовите и регионите како главни двигатели на развојот и носители на промените преку воведување нови иновативни методи во управувањето.
– Ја поздравувам иницијативата на агендата на Берлинскиот процес да се акцентира и улогата на локалните и регионалните власти, како и значењето на територијалната соработка. Ова претставува голем чекор за доближување на Берлинскиот процес до реалните потреби на граѓаните на локално и на регионално ниво, посочил Фазлиу.
Министерот Фазлиу на Форумот остварил одвоена средба и со полскиот министер за инвестиции и економски развој Јержи Квичински.
– Една од темите за која се разговараше е и улогата на макро-регионалните стратегии и другите механизми за меѓурегионална соработка на земјите од регионот, како да се изградат инструменти и програми за транснационална соработка во рамки на Европската Унија, за да се подобри процесот на трансфер на знаење и политики од Европската Унија на земјите и регионите од Западен Балкан и како да се поттикнат партнерите од Западен Балкан активно да учествуваат во спроведувањето на макро-регионалните стратегии на Европската Унија поради нивно приближување