Вчера во 11.25 часот во Полициската станица Демир Хисар, било пријавено дека на место викано „Чагор“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканиа“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(71) од Прилеп, и патничко возило „тојота“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(22) од Демир Хисар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Т., констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Демир Хисар.