Заменик министерот за одбрана на Литванија во работна посета на Република Северна Македонија: Добро е да се биде со нови сојузници, среќни сме и ве очекуваме во НАТО”

Заменик министерот за одбрана, Беким Максути денеска е домаќин на својот колега од Литванија, заменик министерот за одбрана, Витаутас Умбрасас кој е во работна посета на нашата земја, а присуствуваше и на отворањето на вежбата „Одлучен удар”.

За време на денешната посета, двата заменици министри реализираа средба во Министерството за одбрана на која фокус беше билатералната одбранбена соработка, евро и евроатланстките интеграции  и стекнатите искуства.

Заменик министерот Максути најнапред изрази благодарност за брзата ратификацијата на Протоколот за членство и за поддршката која Литванија и ја дава нанашата земја на патот кон НАТО.

Тој уште еднаш изрази задоволство што денес заедно со заменик министерот, Умбрасас присуствуваа на отворањето на најголемата вежба која се одржува на Криволак и на која учестуваат и припадници на вооружените сили на Литванија.

Максути рече дека односите со Литванија се од големо значење од аспект на нашето приклучување во европските и евроатлантските структури, а особено важни се литванските искуства од евроатлантските интеграции.

„Направивме голем исчекор во одбранбените реформи и веќе делуваме како одговорен член на Алијансата гледано од аспект на инвестиции во одбранбените капацитети и способности. Преземавме конкретни мерки за подобрување на стандардот на припадниците на Армијата. Донесовме одлука за зголемување на буџетот на одбраната со цел до 2024 година да достигнеме 2% од БДП”, рече заменик министерот Максути.

 

„Добро е да се биде со нови сојузници, среќни сме и ве очекуваме во НАТО. Ние ви требаме вам и вие ни требата нам”, рече заменикот министер Умрасас на денешната средба.

Литванскиот заменик министер изрази благодарност за гостопримството и порача дека со членство во НАТО нашата земја треба да продолжи да го следи мотото „Сите за еден, еден за сите”.

Тој додаде дека припадниците на нашата Армија покажуваат успешни резултати во мисијата во Авганистан и во насока на продлабочување на соработката изрази подговеност за развој на вежбовни активности на специјалните единици.

На средбата се разговараше и за продлабочување на соработката преку реализација на обуки, вежбовни активности со цел зајакнување на интероперативноста и подигнување на нивото на обученост и подготвеност на припадниците на вооружените сили.

Треба да знаете
Последни објави