Едно лице загина, а девет се повредени кога во колумбискиот град Меделин падна жичница со десет патници.
Во несреќата загина Џон Џаиро Лондоно (55). Несреќата се случила околу 04:30 часот по локално време на линијата К од градската жичарница Метрокабл. За време на инцидентот, десетици патници останале заробени во други кабини, заглавени меѓу станиците, пишува Би-Би-Си.
Cable car fell down on a taxi below in Medellin, Colombia killing at least one and injuring 20 persons.#BREAKING #Colombia pic.twitter.com/bBwybmZKLv
— Target Reporter (@Target_Reporter) June 26, 2024
„Имаме итен случај во системот Метрокабл во североисточната област на Меделин. Кабина со 10 луѓе падна на долниот дел од платформата на станицата Популарно. Повредените се транспортираат во болници“, изјави градоначалникот Фико Гутиерез.
Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат луѓе како лежат на земја.
Карлос Кинтеро од градската служба за итни случаи изјави за локалните медиуми дека на пат кон станицата застанала кабина и била удрена од друга кабина, која потоа се откачила и паднала на тротоарот. Метрокабл се состои од шест линии и 20 станици. Ги поврзува сиромашните делови на градот кои лежат на стрмните ридови со центарот.