Заменик извршниот директор на УНИЦЕФ, Тед Чајбан, информираше во Советот за безбедност на ОН дека „телата на илјадници исчезнати деца остануваат закопани под урнатините во Газа“.
Чајбан говореше на специјалниот состанок на Советот за безбедност на ОН за неодамнешниот извештај на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за насилството врз децата во вооружените конфликти.
„Во 2023 година, 4.312 палестински и 70 израелски деца беа убиени или осакатени, што претставува 37 проценти од сите верификувани случаи на убивање и повредување вклучени во извештајот“, рече Чајбан, пренесува Ал Џазира.
Според него, бројот на децата што останале под урнатините покажува дека ОН не биле во можност во извештајот да ги вклучат и илјадниците пријавени случаи на убиени деца од Газа.