Вчера полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода У.С.(23) и Ф.Р.(24) двајцата од с.Кондово, скопско, поради основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
По претходна наредба од Основен кривичен суд-Скопје, од страна на полициски службеници од ЕВР-ОКР Ѓорче Петров биле извршени претреси на четири локации во селото, кај двајцата лишени од слобода и уште двајца малолетници, при што кај У.С. биле пронајдени предмети кои потекнуваат од сторено кривично дело, како и предмети со кои било извршено кривичното дело.
Со малолетниците бил извршен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува кривична пријава за сторено кривично дело „тешка кражба“.