Градот Скопје е добитник на награда од Младинскиот климатски акциски фонд, за отворањето и успехот на првата јавна биотехнолошка лабораторија во Македонија и регионот на Град Скопје со поддршка на УНДП и УНИЦЕФ, кој Градоначалничката Данела Арсовска го претстави на COP28 Локалниот самит за климатски активности.
Град Скопје е добитник на награда од 50.000 долари за иницијативи предводени од младите за рециклирање или намалување на отпадот, од Младинскиот климатски акциски фонд кој обезбедува техничка помош и финансирање за активирање на илјада млади на возраст од 15 – 19 години за управување со био отпад, дизајнирање и производство на рециклирани производи во рамки на биотехнолошката лабараторија.
Според меѓународните испитувања повеќе од 60 проценти од младите сметаат дека националните влади не прават доволно за да се справат со климатските промени, Младинскиот климатски акциски фонд на COP28 избра градови кои имаат организациски капацитет и потенцијал да ги регрутираат младите за изнаоѓање решенија. Во рамки на Локалниот самит за климатски активности на COP28, Младинскиот климатски акционен фонд и Bloomberg Philanthropies обезбедија поддршка за да се искористат иновативните пристапи кои поттикнуваат стабилна младина.
Иницијативите во град Скопје кои опфаќаат образование, истражување и развој, вклучуваат програми за климатско образование предводени од младите, младински климатски хакатони, младински климатски клубови и настани за подигање на свесноста за проектите и вклученоста на младите, а ќе се реализираат во рамки на првата јавна биотехнолошка лабораторија во Македонија и регионот отворена од Град Скопје со поддршка на УНДП и УНИЦЕФ.