На 01.07.2024 во 14.30 часот, полициски службеници од ОВР Кичево на булеварот „Ослободување” во Кичево го приведоа Н.Н.(37) од Битола.
За него била распишана потерница од Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп”, со која се барал за издржување затворска казна од седум години и единаесет месеци, за сторени повеќе кривични дела „тешки кражби”.
Н.Н. бил спроведен во Казнено – поправната установа „Затвор Прилеп” за издржување на казната.