Сања Кужет е во брак со Немања Живојиновиќ, маркетинг директор на автомобилска компанија кој не сака да се експонира во јавноста. Сања и Немања одамна решија да го одвојат приватното од бизнисот, а тој ретко се појавува на јавни настани со водителката.
Сега парот стана побогат за уште еден член на семејството. Водителката се породи вчера во Белград и на свет донесе уште едно момче.
По тој повод официјално се огласи „Гранд продукција“:
Со гордост и радост објавуваме дека нашата Сања Кужет вчера наутро се породи со царски рез и го роди момчето Вук Живојиновиќ. И мајката и бебето се чувствуваат одлично, им благодариме на сите за вниманието!„
Легендата за машкото лично име Вук е многу интересна и потекнува од старословенско верување кое се пренесувало „од колено на колено“. Според оваа легенда, вештерките и злите суштества убивале новородени машки деца, а нивните мајки ги именувале по диво животно – волкот, кој требало да ги исплаши и да ги заштити децата од смрт.