Во продажен објект во Доња Брњица кај Приштина синоќа околу 21:00 часот Албанец физички го нападнал Србинот Младен Ѓошиќ и го повредил во главата.
Според очевидци, Србинот поради ударите што ги добил е хоспитализиран во Клиничкиот центар во Приштина, јавува дописникот на Танјуг.
Случајот бил пријавен во во косовската полиција која, според мештаните, прво го привела таткото на нападнатиот Младен Ѓошиќ, додека само два часа подоцна го привела напаѓачот, кој исто така е жител на Доња Брњица.