Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна во Пекинг на разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави шефот на прес-службата на Орбан, Барталан Хавас.
-Мисијата на премиерот Виктор Орбан за постигнување мир продолжува, изјави Хавас.
Тоа е трето ненадејно патување на Орбан откако Унгарија го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија на почетокот на јули.
Орбан минатата недела отпатува во Украина и Русија на, како што рече, „мисија за мир“. Toj своето патување го означи како „Мировна мисија 3. 0“ на „X“.
Минатиот месец ЕУ ги отвори преговорите за членство со Украина, изразувајќи ја својата политичка поддршка за Киев во услови на тековната војна на Русија против Украина.