Лидерот на Левица, Димитар Апасиев при гостување во поткастот „Претрес со Ландов“ кажа дека бил мета на закани од радикални структури. Тој објасни дека неговата пријава не била сфатена сериозно од Обвинителството, а во неврзан муабет со ексминистерот Оливер Спасовски добил утеха наместо процесирање на пријавата.
„Ќе ти заколеме фамилија, тебе… Политички е поврзано“, рече Апасиев.
Тој кажа дека обвинителката го убедувала дека безопасни се нападите. Погледнете ги деталите во поткастот: