По осум години во опозиција, ВМРО-ДПМНЕ се врати на власт. Пред неполн месец тие и официјално ја формираа новата Влада, па веќе започнаа со носење на нови одлуки.
Неколку од предизборните ветувања беа ветување за подобар стандард на граѓаните, повисоки плати и пензии, подобрување на правосудниот систем, како и ветувањето за враќање на старото име на државава.
24инфо и овој пат реши да направи анкета, па ги праша директно граѓаните дали веруваат во исполнување на овие ветувања и какви се нивните очекувања од новата Влада.
Од она што можевме да видиме поголемиот дел од нив се надежни. Се надеваат на подобро, се надеваат дека ќе го исполнат ветеното и ќе ги зголемат платите и пензиите, додека пак некои се надеваат дека работите барем нема да бидат полоши.
Има и такви кои не очекуваат ништо добро, па велат со новата Влада одиме назад, а во ЕУ не се влегува од назад, туку од напред.
Кога е во прашање името пак, сите се сложни, назад нема. Повеќето граѓани кои ги анкетиравме иако сакаат, не веруваат дека би можело да се врати старото име на државава, а како причината за неможноста тие го гледаат огромниот притисок од надвор.
Целата анкета погледнете ја во продолжение: