Новак Ѓоковиќ по 13. пат ќе игра во полуфиналето на Вимблдон

Светскиот рекет број два игра против Италијанецот Лоренцо Музети, кого досега во шест кола го победи пет пати.

Ѓоковиќ пред средбата во Лондон даде изјава:

“Подготовките одат добро. Изненадувачки добив дополнителен ден без натпревар. Секогаш е непожелно кога тенисер ќе се повреди и ќе се откаже од мечот, особено ако е четвртфинале на Грен слем. Имав дополнителен ден, без дополнителен притисок на коленото и имам доволно време да се опоравам и да бидам физички подготвен, имам два дена добар тренинг, во семејна атмосфера. па уживам во секој момент“, изјави Ѓоковиќ.

Тој  ја цени играта на противникот, кој сезонава покажа дека може добро да игра и на трева.

“Секогаш се трудиш да го играш својот тенис најдобро што можеш. Од друга страна, мораш тактички да се прилагодиш на противникот Музети. Јас два пати годинава играв на земјена подлога, која му е омилена, но тој  исто така играше многу добро на трева оваа година. Тој ќе излезе и ќе даде се од себе. Работев и јас на некои тактики на тренинзите, изјави Новак.

Треба да знаете
Последни објави