Амбасадорот на Русија во САД, Анатолиј Антонов оцени дека Самитот на НАТО во Вашингтон покажал дека земјите од Алијансата – „неотповикливо го започнале патот на конфронтација и материјална подготовка за војна“.
– САД и нивните сателити мобилизираат максимални ресурси за да ја зачуваат својата хегемонија, која пропаѓа, истакна Антонов.
Тој потенцира дека некои трезвени мисли искажани на Самитот во корист на политичко и дипломатско решение на украинскиот конфликт биле „задушени“ од русофобната реторика.