Приведени крадци во Кавадарци

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 12.50 часот ги привеле А.М.(37) од Кавадарци и Ј.В.(31) од Штип, по претходна пријава од вработен во скопска фирма, која работела на изградба на пат, дека на делницата од Фариш до Дреново, кај тунелот, биле одземени метални предмети.

МВР денеска соопшти дека предметите биле пронајдени кај двете лица и одземени, а потоа вратени на сопственикот. По документирање на настанот против А.М. и Ј.В. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Треба да знаете
Последни објави