И директори на МТВ во македонската делегација на самитот на НАТО

На политичката сцена во Македонија се уште траат препукувањата помеѓу власта и опозицијата за ефектите од самитот на НАТО во САД.

Од СДСМ посетата на македонската делегација ја оценија како дебакл, додека ВМРО-ДПМНЕ одговорија дека Македонија повеќе немала свиткана кичма во НАТО.

Но на страна од политичките преписки, она што се издвојува како посебно од последниот НАТО самит е фактот што делегацијата била досега најбројна, но над 30 претставници.

Освен премиерот Христијан Мицкоски, неколку министри и вработени во службите во Владата, во делегацијата која беше во САД се нашол и директорот на МТВ, Марјан Цветковски, по што се поставува прашањето со која цел и поради која функција и тој бил дел од владината делегација?

ВМРО-ДПМНЕ пред неколку недели ја презеде власта во Македонија и самитот на НАТО е првиот важен меѓународен настан за премиерот Мицкоски и владата.

Битно е да се напомене дека токму ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски беа силни противници на Преспанскиот договор кој беше предуслов за членство на Македонија во НАТО, но очигледно, денеска кога од позиција на власт ги уживаат придобивките за службени патувања со гломазна делегација, за ВМРО-ДПМНЕ, Договорот од Преспа и не е така лош.

Треба да знаете
Последни објави