На 13.07.2024 во 16.10 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле М.П.(22) од село Ваташа, кавадаречко, затоа што на улица „Илинденска” во Кавадарци, додека се превезувал со патничко возило „пасат” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од И.Д.(22) од Кавадарци, преку прозорецот од возилото испукал два куршуми од гасен пиштол. Во возилото бил пронајден и одземен пиштолот и неиспукани куршуми кои ги поседувал без одобрение, а биле пронајдени и подигнати и испуканите чаури. По документирање на настанот, против М.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.