Турција прва испрати помош за справување со огнените стихии на планините Серта и Огражден. На тешко пристапните планинските терени од воздух, освен армиски, полициски хеликоптери, македонските „Ер трактори“, на помош утринава им пристигнаа и „Ер трактори“ и хеликоптери од Турција.
Огнените стихии се длабоко во планините, ангажирана е и механизација за да се пробиваат патишта, со цел и од земја да се гасат пожарите.
Четири активни пожари има на планината Серта, во неготинско, штипско и Општина Конче. Не терен се пожарникари, доброволци, месно население, вработени на државни и локални институции, како и припадниците на македонска Армија и полицијата. Според ЦУК, во последното деноноќие и имало 26 пожари на отворено, а од нив активни се девет врз коишто утрово се гаснат од земја и воздух.