Од 22.54 часот на обиколницата Битола, патен правец Прилеп-Ресен се пренасочува сообраќајот низ градот Битола. Причина активен пожар.
Од 16:15 часот на регионалниот пат Р1103 Неготино – Штип, кај с.Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци, поради безбедност на учесниците во сообраќајот. Причина е активен пожар.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по cуви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.