Возрасен маж со иницијали Р. Ч. синоќа со тешки повреди на главата бил пронајден покрај возило кај село Орман, Скопско, кој откако бил пренесен на скопските клиники им подлегнал на повредите.
ВЧЕРА ВО 18.50 ВО СЕЛО ОРМАН ДО ПАРКИРАНО ВОЗИЛО „ЛЕКСУС“ СО СКОПСКИ РЕГИСТЕРСКИ ТАБЛИЧКИ Е ПРОНАЈДЕНО МАШКО ЛИЦЕ КОЕ КРВАРЕЛО ВО ПРЕДЕЛОТ НА ГЛАВАТА, А ПОКРАЈ НЕГО ИМАЛО ПИШТОЛ И ЧАУРА. УТВРДЕНО Е ДЕКА СТАНУВА ЗБОР ЗА Р.Ч.(67) . СО ВОЗИЛО НА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ БИЛ ПРЕНЕСЕН ВО КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“ КАДЕ ИМ ПОДЛЕГНАЛ НА ПОВРЕДИТЕ. СВР СКОПЈЕ ПРЕЗЕМА МЕРКИ ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ, НАВЕДУВААТ ОД МВР.
Според медиумите, станува збор за бизнисменот Чедомир Радомировиќ кој беше основач на фирмата „Техноком“ и на Радо банка.
Се очекуваат детали за случајот МВР да соопшти во текот на денов.