Пожарот над Радовиш е ставен целосна под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи.
Во моментов на територијата на државата како активни се водат 11 пожари.
Се интервенира од копно и од воздух.
Меѓувреме во земјава помош пристигна од Турција, еден хеликоптер и два ер трактори, Хрватска испраќа авион канадер, претпладнево најавено беше пристигнување и на два хеликоптери од Словенија, а помош е најавена и од Србија и Црна Гора.
Според директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, полицијата веќе има информации за неколку предизвикувачи на пожари.
Според него ниту еден пожар до сега не е предизвикан од планинар и оти пожарите избувнале во близина на урбани средини, ниви или стрништа.