Од Центарот за управување со кризи информираат дека е повреден жител на село Сирково, Росоман додека гаснел пожар.
„Повреден жител на с.Сирково, Росоман, при гаснење на пожарот се здобил со изгореници на рацете и едната нога“, информираат од ЦУК.
Лицето е препратено на клиниката за пластична хирургија во Скопје, за МИА потврди, доктор Ратко Грков, раководител на Итна медицинска помош Кавадарци.
Пожарот кај Сирково избувна во текот на денешниот ден.