Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (17.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола девет санкции, 12 мерки за некористење на сигурносен појас, осум санкции за користење мобилен телефон при возење…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.