Метео анализа на Славчо Попоски:
Почитувани мои, по екстремно високите температури кои зафатија многу делови од европскиот континент, особено источните предели од истиот, секако и Балканскиот Полуостров, во текот на следната седмица ладен бран од север ќе ја зафати речиси цела европа и ќе предизвика голем пад на температурите и тие ќе бидат потпросечни за месец јули.
Потпросечни температури следната седмица очекуваме и во поголем дел од регионот, како и во нашата Македонија. Дури во Алпскиот регион е можна и појава на врнежи од снег, особено на највисоките места, и тоа особено кон крајот на овој, како и на самиот почеток на месец август.
Што се однесува до врнежите, најмногу врнежи следната седмица се очекуваат во југоисточна европа, односно кај нас на Балканот, како и во источна европа. Со ова растат и условите за појава на локални временски непогоди.
Локални временски непогоди се очекуваат и до крајот на оваа недела ширум регионот, како и во нашата Македонија.