Туристите од Турција и соседите се најчестите гости во главниот туристички центар а веднаш зад нив ова лето се холанѓаните.Според најавите на туристичките работници до крајот на месец октомври летовите од Амстердам се очекува да донесат околу 12 илјади посетители кои ќе одмараат на брегот на охридското езеро.
Според туристичките работници она што радува е тоа што гостите од Холандија остануваат подолго во градот од 7,14 а некои и по 20 дена,додека туристите од Велика Британија доаѓаат најчесто за продолжен викенд.
Според државниот завод за статистика во периодот јануари – мај 2024 година, во однос на истиот период лани бројот на туристите е зголемен за 12 отсто, и тоа: кај домашните туристи за 2,6 отсто а кај странските за 16,6 отсто. Бројот на ноќевањата, пак, е зголемен за 10,2 отсто и тоа: кај домашните туристи за 8,8 отсто, а кај странските за 11 отсто.