СВР Штип поднесе кривична пријава против Б.И.(41) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“, соопштува МВР.
На 08.06.2024, пријавениот во три наврати искористил податоци од банкарска картичка на лице од Македонска Каменица и од банкомат подигнал пари со што се здобил со противправна имотна корист во износ од 130.000 денари.