Трајко Славески денес докажа што вистински значи ароганција и потценување на граѓаните, па во духовит стил вели дека Мицкоски и министрите требале да одат со брод за САД на следното патување. Неговото незнаење и ароганција ги дозакопа Мицкоски и министрите во овој скандал за душманско трошење на народните пари и луксузирање во бизнис класа.
Славевски треба да знае дека Владата, уште од времето на Груевски, има одлука со која сите функционери се задолужваат да патуваат со економска класа. Ако Трајко Славески смета дека неговиот шеф Мицкоски на ова фамилијарно патување требал да се луксузира надвор од пропишаните правилници на Владата, тогаш оставаме на граѓаните да судат ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Се потврдува констатација на СДСМ дека ова ВМРО-ДПМНЕ е далеку полошо и од претходното.
Ароганција, расфрлање со пари, навреда на интелигенцијата на граѓаните се засега одлуките на новата Влада. Ако во првите 30 дена се однесуваат вака, прашање е до каде може да отиде ова безобразно прекршување на сите одлуки и своеволие на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ ќе го открие до крај овој скандал кој нема дно, а луксузирањето на државна сметка ќе биде презентирано на граѓаните.
Повторуваме, ВМРО-ДПМНЕ да престане да се крие, да објави список на лица кои патувале за САД и колку пари потрошиле на луксуз и уживање. Само да потсетиме дека нашата дегација за САД броеше според МНР 21 лице а истата на Хрватска само четворица, велат од СДСМ.