На 21.07.2024 во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен е од слобода Ј.С.(34) од Скопје, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд, поради бегство од КПУ Идризово. Ј.С. е осуден на казна затвор од 12 години и 10 месеци, а во врска со член 188 ст.1 и чл. 236 ст. 1 т.1 в.в чл. 22 и чл. 24 од КЗ, Лицето ќe биде спроведенo во надлежната казнено поправна установа.