Директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, изврши неколку прекини на казни поради медицински потреби во изминатите две недели. Како што истакна Пандов, најголемиот дел од овие прекини се однесуваат на осуденици од случајот „27 април“.
„Како вршител на должноста директор на Управата за извршување санкции, ако дојде барање од затвореник за акутен здравствен проблем, немам право да го одбијам. Факт е дека 4-5 лица, откако сум директор, имаат поднесено барања кои ги потпишав“, рече Пандов.
На прашањето дали сите лица за кои се одобрени прекините се осуденици од случајот „27 април“, Пандов одговори: „Има едно-две лица кои не се од случајот „27 април“.