Досегашниот директор на Агенцијата за енергетика, Дарио Николовски денеска формално и ги предаде надлежностите на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.
Со овој чин, како што наведува Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Агенцијата и нејзиниот Управен одбор се укинуваат, а вработените по сила на закон ќе бидат преземени од ресорното Министерство.
Согласно Законот за организација на органите на државната управа и законот за енергетика, Агенцијата за енергетика и целиот нејзин движен и недвижен имот, се преземени од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.