Астон Вила го претстави домашниот дрес за новата сезона со помош на иконите на жестокиот звук Ози Озборн и Гизер Батлер, членови на легендарните пионери на хеви метал бендот „Блек Сабат“.
Новиот дрес на клубот, кој годинава слави 150 години, го означува и почетокот на соработката со новиот спонзор.
Новиот дрес на тимот предводен од Унаи Емери ги задржа традиционалните бои на клубот, бордо со светло сина боја, бел шорц и сини чорапи.
Астон Вила ќе го носи овој дрес и на европските натпревари откако избори место во Лигата на шампионите минатата сезона, а ќе се натпреварува меѓу европската елита за прв пат по 1983 година.
Астон Вила минатата сезона заврши на четвртото место во Премиер лигата, а за прв пат по сезоната 1995/96, пред тимот на Емери беа само Манчестерс, Арсенал и Ливерпул.