Приведени двајца дилери од Штип, откако полициските службеници при претрес на нивните домови пронашле дрога.
Од слобода биле лишени А.Џ.(36) и Ќ.Х.(22) од Штип.
– При претрес во домот на А.Џ., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, поголема сума пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во домот на Ќ.Х., извршен исто така со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана, известуваат од МВР.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.