Поради испад на далновод на МЕПСО, РЕК Битола повторно работи со еден блок

Попладнево заради испад на далновод на МЕПСО, без напојување со струја остана Блок 1 на РЕК Битола, по што постојката испадна од мрежа, соопшти Електрани на Северна Македонија.

Комбинатот продолжува да работи со еден блок, Блок 3, до повторно ставање во функција на Блок 1. На Блок 2 во тек се ремонтни активности, се вели во соопштението на ЕСМ.

Треба да знаете
Последни објави