Американските трупи распоредени на границата со Мексико имаат задача да офарбаат делови од постоечките бариери за да го подобрат нивниот естетски изглед, што предизвика разбирлив гнев кај отпорот, пренесува РТ.
„Иако примарна цел е да се подобри естетскиот изглед на ѕидот, може да има и оперативна придобивка врз основа на нашето искуство со бојадисантаа бариера во Ногалес, Аризона”, пишува во електронската порака од Агенцијата за домашна безбедност до членовите на Конгресот.
Во пораката се објаснувајќи дека агенцијата била пријатно изненадена кога открила дека илегалните преминувачи на границата се истакнувале поради обоените бариери и покрај нивните обиди да се камуфлираат и дека потешко се прекачуваат преку обоените бариери.
Во пораката нема детали за бојата на ѕидот и бројот на војници што ја имаат оваа задача иако се проценува дека работите ќе траат 30 дена, а трупите ќе работат од Калексико, Калифорнија. Претседателот Доналд Трамп минатиот месец побара ѕидот да биде обоен црноза да ја апсорбира топлината од сонцето и ќда е стане премногу жешка за мигрантите да се прекачуваат преку неа.
Противниците на Трамп се бесни поради веста.
„Нашата војска има поважна работа од разубавување на ѕидот на Трамп”, твитуваше сенаторот Дик Дурбин, критикувајќи ја срамната злоупотреба на даночните обврзници, а Хоакин Кастро го нарече голема злоупотреба на војската.
Во моментов, повеќе од 4.300 војници, мешавина на активни службеници и персонал на Националната гарда, се стационирани на границата. Иако тековното распоредување на војниците официјално треба да трае до септември, секретарот за одбрана, Патрик Шанахан, навести значително подолг престој.
„Нема да заминеме додека границата не биде безбедна”, изјави иако нагласи дека престојот на војниците нема да биде без крај.
Шанахан проценува дека до септември би можеле да се изградат нови 63 милји од 256 милји ѕид што Армискиот корпус на инженери треба да ги подигне.



