МВР извести дека вчера во 15.55 часот во полициската станица во Гевгелија било пријавено дека на улицата „Нов булевар Гевгелија“, И.К.(76) од Струмица, управувајќи возило „опел“ изгубил контрола и со возилото удрил во паркиран автобус “волво”.
И.К. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија.
Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.