Олимпискиот турнир во сурфање, олимписки спорт кој беше премиерно прикажан пред три години во Токио на најголемото спортско шоу, се одржува на Тахити, француска територија во Пацификот, одалечена речиси 16.000 километри од Париз.
На овој начин е соборен рекордот за максимално растојание помеѓу местото на одржувањето на олимпискиот натпревар и официјалниот град домаќин
Сурферите завршија со четвртиот квалификациски круг, а најдобар резултат оставри Бразилецот Габриел Медина (30).
За својот настап доби оценка 9,90, највисока во кратката историја на овој спорт на Игрите, а тоа го прослави фрлајќи се од висок бран додека неговата даска леташе во спротивен правец.
Моментот брилијантно го овековечи францускиот фотограф Жером Брује, а на неговата фотографија изгледа како Медина да лета или лебди во воздухот. Фотографијате е толку добра што делува како фотошот.
Медина започна да сурфа како четиригодишно дете, на 11 го освои националното првенство, а со 17 години стана дел од сурферската елита.