Дива депонија никна во скопската населба Ченто во општина Гази Баба
На место каде има контејнери, поради неподигањето на сметот создадена е мини депонија од неколку квадратни метри.
Жителите кои минуваат од овде велат дека ситуацијата е ваква со недели и дека никој ниту од Општина Гази Баба ниту од Град Скопје не презема ништо за да се расчисти депонијата.
На вакви високи температури и поради бројните животни кои тарашкаат по ѓубрето во надеж за храна, лесно може да дојде до ширење на заразни болести.
За жал, вакви депонии се честа слика низ Скопје а одоговорни за тоа се како граѓаните кои несовесно го одлагаат отпадот, така и институциите кои не се ажурни во своето работење.