Владата денеска на седница донела нови кадровски решенија, дознава ТВ21 од свои извори. Па така, досегашниот заменик генерален секретар на Владата, Тахир Хани е разрешен од должноста, но и понатаму ќе зема плата односно, денеска на владина седница му е утврдено правото на плата по престанување на функцијата до стекнување на право на старосна пензија. На негово место доаѓа Хасим Муртезани.
Лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов е именуван за Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, сметано од први август. Лидерката на Глас за Македонија, Солза Грчева пак е именувана за Национален координатор за реформи во високо образование.Исто така, се разрешува в.д. директорот на Државен архив, Христа Најданов, а на нејзино место именувана е Наташа Котлар.