Аца Лукас вчера итно бил примен во Ургентниот центар со висока температура и други здравствени нарушувања, поради што е задржан на прегледи. Како што дознаваме од добро упатени извори, Лукас имал температура над 40, но и покачен CRP (протеин во крвта кој реагира со растот во случај на акутен воспалителен процес во телото).
По прегледите тој го напуштил Ургентниот центар, а според информациите до кои дојдовме пејачот има проблеми со бубрезите и простатата.