Пролетен базар на домашни ракотворби на народни носии во Општина Бутел

Денеска, 06.06.2019 година, во големата сала на Општина Бутел беше отворен вториот Пролетен Базар 2019 под покровителство на Општина Бутел,а во организација на Здружението на уметници ракотворци “АРТИ КРАФТ”-Скопје.

Градоначаликот на Општина Бутел г-дин Велимир Смилевски во своето поздравно обраќање ги поздрави присутните и организаторите,и истакна дека општина Бутел и понатаму ќе остане покровител на вакви културни манифестации,преку кои на најмладите им се преставува етнолошкото и културно богаство на  нашата земја,и дека таа практиката на негување на културното наследство ќе ја продолжат токму најмладите.

На овогодинешната манифестација,на која беа изложени над 30-тина народни носии од Кумановскиот регион,односно од регијата на североисточниот дел на земјата, исто така беше збогатена со изложба на ракотворбите на гости уметници од Црна Гора, Албанија, Србија и Косово.

Свеченото отварање, исто така беше збогатено со настапот на играорците  од КУД “Плетеница” ,преку народни танци и изведба на македонски народни песни.

Вториот пролетен базар кој е во организација на Општина Бутел и Здружението” Арти Крафт” од Скопје, ќе биде отворен во периодот од 06.06 до 08.06.2019 година

Треба да знаете
Последни објави