Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 125 професионални војници на служба во Армијата.
Војниците ќе бидат вработени на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 3 години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст.
Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се следни: да бидат државјани на Република Северна Македонија; да имаат завршено најмалку средно образование, да имаат доброволно отслужено воен рок и да не се постари од 25 години на денот на завршување на објавениот оглас.
Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk. Од Министерството ги повикуваат сите млади граѓани да ги погледнат условите наведени во огласот и да се пријават. Рокот за пријавување е 15 дена.



