Приведени се повеќе лица кои подметнале пожар, а полицијата е со засилено присуство на терен.
Вчера полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Р. од селото Али Коч, радовишко, затоа што подметнал пожари во близина на с. Али Коч.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски изјави дека е срамно СДСМ да коментира откако државата ја оставиле во катастрофална состојба, а за разлика од неговите претходници тој е присутен на терен.
Тој најави дека веднаш по активирањето на европскиот механизам, на помош пристигнуваат хеликоптери од Србија, Чешка и два канадери од Германија и воздухоплови од Словенија.
Цел месец има пожари низ Македонија, а вчера имаше рекорден број на жаришта. Гори кај Свети Николе, Дојран, Пехчево и на други локации.